„Нека и биде срам на државата што дозволи ова да му се случи на Партизан“

Фудбалерите на Црвена звезда убедливо го совладаа Партизан во 174. вечно дерби одиграно на стадионот во Хумска со резултат 0-4.

Голманот и капитен на Партизан, Александар Јовановиќ без влакна на јазикот ги откри сите аномалии што се случуваат во неговиот клуб оваа сезона.

„Ова е поголем проблем, на многу повисоко ниво. Сигурен сум дека ниту еден навивач на Звезда не е среќен. Има многу работи кои не смеете сами да ги напишете новинарите. Утре ќе го напуштам клубот, имам каде да одам. Ќе одам, ќе играм за неколку стотици илјади евра и толку. Срамота за државата што дозволи да се случи ова со Партизан… Верувам дека претседателот, премиерот вакво дерби не им одговара. Но, можеби на некому и му одговара“, изјави Јовановиќ. 

Се вчитува...