Српскиот кошаркар Огњен Добриќ со нетрпение го очекува кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз следната година и се надева дека Никола Јокиќ ќе биде со националниот тим.
Тој зборуваше и за потенцијален натпревар против НБА ѕвездите, пред се против тимот на САД.
„Би сакал да играм против сите, да видам дали навистина има толкава разлика меѓу нас во Евролигата и нив таму. Претпоставувам дека има, но не се плашам од никого. Навистина би сакал играм против нив. Нека собере Леброн кого сака, ако ние играме со Јокиќ имаме шанса против секого“, изјави Добриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА