Новиот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа даде изјава која може да предизвика бура во јавноста. В.Д. тренерот на „кралевите“ кажа дека повеќе не смета на некогаш лидерот на тимот, Давид Алаба, и дека тој ќе може да си бара нова средина.
Арбелоа, според пишувањата на шпанските медиуми, јасно дал до знаење дека ја изгубил довербата во австрискиот репрезентативец и дека не му гарантира минутажа во тековната сезона.
Алаба едно време беше еден од клучните играчи, но во последно време е во незавидна состојба поради многу повреди кои му се случија, и поради нестабилноста во играта. Веќе не може да се носи со високиот интензитет, и затоа на крајот од сезоната го напушта клубот.
33-годишниот Алаба има договор до лето, па според сите извештаи ова е последниот период од неговата авантура во Мадрид. Тој дојде во клубот во 2021 година како големо засилување од Баерн. Беше дел од тимот само 10 пати оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

