Некогаш шампионско дерби на прволигашката сцена во Македонија, денес само натпревар на два тима кои си се мачат секој со своите проблеми. Силекс и Вардар денеска од 13 часот во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига на мегдан во Кратово со желба за пронаоѓање „лек“ за своите маки.
Силекс по 15 кола е на дното на табелата со 14 бода. Кратовци играат полусезона далеку под очекувањата, па сигурно желбата е со триумф против Вардар да се даде надеж за пролетниот дел од шампионатот.
„Знаеме дека не чека тежок натпревар против Вардар кој сега против нас ќе бара начин за прекин на лошата серија. Но, и ние мора еднаш да се подигнеме и да одиграме квалитетен меч. Потребни ни се бодови и ќе мора да дадеме максимум за да стигнеме до нив“ – вели Дарио Десниќ.
Иако, сосема е јасно дека и „вардарци“ излез од кризата, по оние само пет освоени бода во шестте последни натпревари, ќе бараат со победа во Кратово.
А, нова победа во шампионатот посакува и Шкупи со што не би дозволил и натаму тонење на дното. Чаирчани пред своите навивачи денеска ја пречекуваат Беласица верувајќи дека можат до три бода.
ДВОЈКИ – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ
Турново: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

