Некогаш големата надеж на Интер и на Белгија замина во пензија на 26 години

Во еден период, еден од најталентираните фудбалери во неговата генерација, Зињо Ванхојсден, чиј последен ангажман беше во дресот на шпанската Марбеља, ја заврши кариерата на 26 години, а причината беа сè почестите повреди што го спречуваа нормално да се натпреварува и тренира.

Овој фудбалер е роден во 1999 година, а како тинејџер се пресели од Стандард Лиеж во Интер. Меѓутоа во 2017 година доживеа повреда на вкрстените лигаменти, што како да нагостуваше што ќе се случува осум години подоцна.

По Интер, играше повторно за Стандард, а следуваа позајмици во Џенова, Аз Алкмар, па повоторно Стандард, па Марбеља и Мехелен.

Ванхојсден истакна дена во последните неколку години минал низ вистински „пекол“. Стоперот се одлучи да стави крај по третата повреда на вкрстените лигаменти.

„Во срцето секогаш ќе бидам фудбалер, но моето тело вели дека е доста“, рече тој, кој имаше еден настап во дресот на Белгија.

Се вчитува...