Давид де Хеа ова лето остана без клуб откако Манчестер Јунајтед се одлучи да не му го продолжи договорот и покрај тоа што беше незаменлив дел од „црвните ѓаволи“ во последните 12 години.
Шпанскиот чувар на мрежата кој во еден период важеше и за најдобар на својата позиција се поврзуваше со повеќе европски клубови, приоритет беше преминот во Реал Мадрид, а откако истиот не се оствари и понатаму е без ангажман.
Со оглед на тоа што трансфер роковите во Европа и Саудиска Арабија завршија, се намалуваат и опциите кои ги има на масата. На 32-годишникот му останува премин во САД, Мексико и Катар, а додека ја чека идеалната понуда тој беше „уловен“ од камерите како тренира самостојно.
🇪🇸⚽️ David De Gea (32) working hard in solo training! He remains a free agent and available on the market. pic.twitter.com/dh9hJU8eOz
— EuroFoot (@eurofootcom) September 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

