Некогашен судија: Перез бараше да му судам на Реал исто како Барселона

Некогашниот шпански судија Едуардо Итуралде Гонзалес, откри дека пред 12 години во сезоната 2010/2011 имал незгодна средба со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Гонзалес во радио емисија открил дека Перез се обидел да го заклучи во соба и да разговара со него, и така да влијае на судењето. Наводно Перез му барал да му суди на Реал исто како Барселона.

„Го прашав само дали се шегува? Му реков дека нашиот разговор е завршен. Го пријавив во судиската организација. Никогаш претходно ова ми се нема случено. Никогаш претседател на еден клуб не ме затворил во соба, освен Перез“, реле Гонзалес.

Интересно е што Гонзалес се реши да ја каже оваа приказна токму кога против Барселона се води постапка за поплатување на судии.

Се вчитува...