Една од најдобрите украински тенисерки во историјата, поранешната трета тенисерка во светот, Елена Свитолина се појави на фронот во Украина со поддршка за украинските војници.
Преку социјалните мрежи Свитолина објави дека е вратена во Украина, како поддршка на своите сонародници во првите борбени линии.
„Харков има посебно место во моето срце. Град кој продолжува да ми дава топлина во моето срце. Ако ме прашувате каде наоѓам мотивација за борба на спортските терени, ова е мојата земја, мојот народ, мојот Харков и нашите херои“ – објави Свитолина заедно со фотографиите во маскирна униформа.
Elina Svitolina visited Kharkiv today where she met up with members of the Khartiya Brigade 🪖🇺🇦
She expresses her thanks to all who serve and continue to defend Ukraine pic.twitter.com/8ct8NwV1Wv
— Zorya Londonsk (@ZoryaLondonsk) December 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА