Италијанскиот третолигаш и поранешен член на Серија „А“, екипата на Анкона, од следната сезона нема да игра во Серија Ц. Поради финансиски неправилности, овој клуб е исфрлен во аматерски ранг на натпреварување, а не помогнала ниту жалбата која ја испратиле до фудбалската федерација на Италија.
Анкона се натпреваруваше во Серија „Ц“, групата Б каде што успеаја да обезбедат опстанок. Меѓутоа поради проблеми надвор од теренот, ќе мора да игра во аматерско натпреварување, и практично да почне од нула. Нивното место ќе го заземе младиот тим на Милан.
Милан У23 ќе игра на местото на Анкона, а фудбалската федерација ја донела оваа одлука за да не ги поремети пласманите на клубовите, и Серија Ц, група Б да остане со 20 екипи.
Во Анкона во минатото играше Горан Пандев, кога овој тим се натпреваруваше во Серија „А“. Во тимот беше една сезона, односно во 2003/2004 каде во 20 меча постигна еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА