Бојан Кркиќ кој еднаш важеше за најголемиот фудбалски талент и му се препишуваше кариера слична како таа на Лео Меси никогаш не го оствари својот потенцијал. Откако дебитираше во дресот на Барселона како најмлад во историјата на клубот со 17 години и освои се што можеше да се освои премина во серија на клубови како Рома, Милан, Ајакс, Стоук…, а неодмна ја заврши професионалната кариера.
На истата крајот и дојде во Јапонија по настапот за Висел Кобе каде заработи тешка повреда, но и покрај тоа што повеќе не е во фудбалот, Кркиќ останува во спортот. Имено, како што откриваат шпанските медиуми тој ќе соработува со својот поранешен соиграч од Барселона, Иниеста во областа на велосипедизмот.
Станува збор за фирмата „Гуава Спорт“ која ќе произведува луксузни велосипеди за трки. Компанијата веќе има и еден модел чија цена изнесува седум ијлади евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

