Некогашниот голем талент бира меѓу Курасао и Србија?

Гус Хидинк пред неколку дена стана нов селектор на Курасао. Негова цел ќе биде да успее да ја квалификува оваа репрезентација на Светското првенство 2022 во Катар. Како би пробал да го направи тоа тој ќе мора да го засили тимот, а меѓу првите кои сака да ги доведе се наоѓа холандскиот напаѓач со српско потекло Рихарио Живковиќ.

Неговиот татко е од Курасао и поради тоа ќе има право да го облече дресот на оваа репрезентација бидејќи и покрај тоа што ги има поминато сите младински репрезентации на „лалињата“ тој нема ниту еден настап за сениорската репрезентација.

Покрај Курасао во борба за неговите услуги е и репрезентацијата на Србија. Мајката на холандскиот напаѓач е од Србија и поради тоа и од српската фудбалска репрезентација би сакале да го засилат тимот со одличниот фудбалер.

Се вчитува...