Играчот од средниот ред Ренато Санчез го напушти ПСЖ и се пресели во Панатинаикос. Неговиот договор со грчкиот тим е на позајмица една сезона.
28-годишниот Санчез кому пред десетина години му предвидуваа светла иднина и беше еден од најголемите таленти, оди на нова позајмица, овој пат во соседството.
Санчез во минатото беше дел од Баерн Минхен, кој го купи како голем талент, но никогаш не го покажа својот потенцијал. Потоа замина во Лил, а од таму во 2022 година доби можност да биде дел од ПСЖ.
Но, не се наигра многу во Париз, па беше испратен на позајмица во Рома и во неговиот матичен клуб Бенфика, па сега оди на нова позајмица. Неговиот договор со ПСЖ е до 2027 година, но се погласни се шпекулациите дека ќе биде продаден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

