Своевремено еден од најголемите хрватски фудбалски таленти Марко Пјаца, се враќа во Хрватска. Замина во Јувентус, му предвидуваа голема кариера, но за жал, повредите го спречија да направи нешто повеќе. Сега се чини кариерата ќе ја оживува со враќање во својата татковина, но не во Динамо Загреб, каде што настапуваше.
Хрватските медиуми пренесуваат дека Марко Пјаца е на чекор до потпис со Ријека. Ријека и Пјаца наводно се договориле, а неговите агенти сега работат на раскинување на договорот.
Пјаца од Динамо Загреб замина во Јувентус уште во 2016 година за 29 милиони евра. Беше еден од најдобрите фудбалери во тоа време, а покрај за Јувентус играше како позајмен и во Шалке, Фиорентина, Андерлехт, Џнова и Торино. Но, во ниту еден клуб не успеа да фати ритам поради честите повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА