Екипата на Валенсија денеска објави дека постигнала договор за трансфер на голманот Јаспер Силесен во НЕК Нијмеген.
33-годишниот Силесен своевремено беше еден од најдобрите голмани на Холандија, беше незаменлив во дресот на Холандија, а бранејќи за Ајакс, неговиот талент го забележа Барселона која го ангажираше. Но, откако никогаш не стигна до дресот со број 1 во Барса, се реши да се пресели во Валенсија.
Таму почна добро, меѓутоа многу брзо и таму седна на клупата, па одигра само 51 меч за каталонскиот тим.
НЕК Нијмеген е матичен клуб на Силесен, за кого бранеше девет години во младинските категории, и потоа една сезона во сениорската конкуренција пред да замине во Ајакс во 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

