Некогашниот „магионичар со топката“ се префрли на друг спорт, нема да го познаете (ВИДЕО)

Веќе неколку години е во фудбалска пензија, но Месут Озил не мирува со спортувањето. На социјалните мрежи се појавија снимки во кои се гледа дека се префрлил на бодибилдинг, и сега е непретпознатлив.

Додека играше за Арсенал, Реал Мадрид и Германија, сите сметаа дека е „слаб“ да се носи со физичките предиспозиции со голем број на останатите играчи. Меѓутоа беше магионичар со топката, знаеше да додели асистенција од невозоможна позиција, и да постигне некој убав гол.

Се гледа дека сега Германецот со турско потекло ставил добра „мускулна маса“ и се набилдал. Неговиот тренер објавува фотографии и видеа, на кои се гледа дека сега е „ѕвер“.

Се вчитува...