Некогашниот најголем европски талент пред преселба надвор од Европа

Поранешниот хрватски репрезентативец, Ален Халиловиќ кој важеше за „чудо од дете“ и на него се гледаше како наследник на Лионел Меси се наоѓа пред трансфер надвор од Европа со оглед на заинтерисираноста на повеќе клубови од Азија и Соединетите американски држави.

Сега 29-годишникот ова лето се поврзуваше со трансфер од холандскиот Фортуна Ситард во Карабах, но и покрај тоа што беше постигнат договор помеѓу двата клубови, истиот пропадна по личните преговори за должината на договорот на фудбалерот.

По одличните настапи за Динамо Загреб, големиот талент на 18-годишна возраст се пресели во Барселона, но поради неконстантноста следеше голем пад во кариерата и настапи за Хамбург, Лас Палмас, Милан, Лиж, Херенвен, Бирмингем, Рединг, Ријека и последно во Холандија.

Се вчитува...