Александа Зверев го совлада Роџер Федерер во трилер мечот кој го одбележаа многу пресврти во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај со 2-1 по сетови (6-3 и 6-7 и 6-3). Германецот одлично го отвори мечот, а клучен беше шестиот гем во кој успеа да направи брејк што беше доволен за освојување на првиот сет.
Вториот сет стартуваше со брејк на Федерер во вториот гем, но веднаш следуваше рибрејк од Зверев и натпреварот влезе во неизвесна завршница. Во 11 гем младиот Германец успеа да направи брејк и да стигне до предност од 6-5. Во следниот гем Федерер успеа да спаси три меч топки и да го одведе сетот во тај-брејк. Трилерот беше пренесен и во 13. игра во која искусниот Швајцарец успеа да спаси нови две меч топки и да го добие со (7-9).
Сепак, Зверев покажа дека психички е многу созреан и со неочекувано одлична игра успеа да го добие третиот сет со 6-3 и да обезбеди пласман меѓу четирите најдобри во Шангај.
Во полуфиналето тој ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Беретини и Тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА