ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Македонија и Црна Гора многу почесто играа пријателски, откако официјални средби на големите натпреварувања во изминатите десетина години. Поточно, овие две селекции се имаат сретнато само еднаш на европските шампионати, оној дуел на ЕП 2018 во Загреб што нашите ракометари го добија со минимални 28-27.
Тоа беше првенство во кое Македонија исто така стартуваше со меч против Словенија што избраниците на Раул Гонзалес го добија минимално, за потоа во второто коло да следи исто како и годинава, пресметка со Црна Гора. По голема битка „црвено-жолтите“ триумфираа минимално, меч во кој најефикасни беа Филип Кузмановски со пет погодоци, пред Кире Лазаров, Миркуловски и Манасков со по четири погодоци.
Во однос на тој последен дуел во Загреб, во составот на Македонија денеска ги нема Борко Ристовски, Ацо Јоновски, Филип Лазаров, Кире Лазаров, Дејан Манасков, Никола Маркоски, Мартин Поповски и Немања Прибак.
На нивно место, се очекува денеска на теренот да се појават Томовски, Ѓоргиев, Костески, Серафимов, Кузманоски, Маџовски, Крстевски и Мишевски.
Некои нови „клинци“ кои со нетрпение ја очекуваат првата победа на овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА