Македонската кошаркарска репрезентација со денешниот тренинг означи старт на подготовките за првите квалификациски средби за Евробаскет 2021.
Селекторот Александар Тодоров го реализираше најавеното, почна со помладување на репрезентацијата, па шанса на неговиот прв список добија неколку кошаркари кои во изминатиот период беа предводници во младинските селекции.
Атмосферата на првиот тренинг беше одлична, стручниот штаб има можност да ги види на дело најголемите таленти кои „тропаат“ на сениорскиот тим, но она што на прв поглед радува е фактот дека овие нови „клинци“ се желни за победи со Македонија, почнувајќи од дебито со Естонија на 20 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА