Малерите на Ентони Дејвис со честите повреди продолжија и на самиот старт од новата сезона откако суперѕвездата на Далас мораше предвреме да го напушти теренот на дуелот со Индијана.
Дејвис се повреди по еден скок шут, веднаш беше очигледно дека има проблем со движењето, по што беше повлечен од игра. Тој потоа се обиде да се врати, но повторно ја почувствува истата болка, по што со клупските лекари се упати кон соблекувалната. Неофицијално, станува збор за воспаление на тетивата, а деталните прегледи ќе покажат колку време тој ќе мора да отсуствува од кошаркарските терени.
„Болката беше во долниот дел од левата нога. Се обиде да се врати, но не сакавме да ризикуваме. Ќе видиме како ќе се чувствува во наредниот период“, изјави тренерот Џејсон Кид.
Далас и без помота на својот клучен играч стигна до победа од 107-105 над Индијана, а најефикасни во оваа екипа беа Вилијамс со 20 и Пауел со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

