Звучи неверојатно, но на три дена пред почетокот на Светското Првенство во Франција селекцијата на Полска остана без уште еден ракометар. Мариуш Јуркиевич заработи повреда на дуелот со Аргентина на турнирот во Ирун.
Ракометарот на Кјелце требаше да биде еден од лидерите на подмладената селекција на Талант Душебајев, но при еден дуел со аргентинските ракометари остана да лежи на теренот и мораше да биде заменет. Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за сериозен проблем со рамото поради кој Јуркиевич ќе мора да паузира подолго време, па јасно е дека нема никакви шанси тој да настапи на претстојниот мундијал.
Само за потсетување, на еден месец пред ова СП своите репрезентативни кариери ги завршија Бартош Јурецки, Бјелецки, Лијевски и Шмал. Веднаш потоа повторно се повреди Михал Јурецки, а во меѓувреме поради најразлични повреди Душебајев остана и без Вишомирски, Сипжак, Шиба и сега брз Јуркиевич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА