Маркус Рашфорд оваа сезона не игра во добра форма. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед има само повремен блесок, но далеку е од партиите кои се очекуваат од него.
За неговата слаба форма говореше легендарниот играч на Јунајтед, Рој Кин кој кажа што е рецептот да се натера Англичанецот да се „крене“ во вистинската форма.
„Нема да кажам дека сум загрижен, но кога ќе го погледнете, веднаш се заклучува дека нешто не е во ред. Луѓето околу него, тренерот, било кој треба да го удри по газот на старомоден начин, да му се удри клоца и да му се каже: „Ајде, очекуваме повеќе од тебе“. Ако сакате да бидете вистински лидер, тогаш мора да преземете одговорност“, смета Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА