„Кој ќе успее да ја запре доминацијата на Карлос Алкараз и Јаник Синер?“ е најпоставуваното прашање во светот на тенисот.
Шпанскиот и италијанскиот тенисер ги освоија последните осум грен-слем титули, ги играа последните три големи финалиња, одбележувајќи ја целата 2025 година.
На ова прашање одговор даде Јуриј Шчукин, селекторот на казахстанската тениска репрезентација.
„Ова е тажна тема за сите други тенисери. Карлос и Јаник ја превземаа доминацијата од големата тројка, двајцата играат на неверојатно ниво. Потполно ги надминаа другите тенисери и покрај тоа што денеска во првите 10 и 20 сите играат одличен тенис.
Морате да ја разберете нивната игра, да влезете во нивни ритам. Така Роџер Федерер и Рафаел Надал делуваа непобедливо, но тогаш на сцена стапи Новак Ѓоковиќ кој полека ги престигна. Тој ги анализираше сите детали од нивата игра, тренинг. Многу работеше на себе, ја промени исхраната, го менуваше стручниот тим, носеше нови тренери. Кој сака да се бори за врвот, мора многу за жртвува. Сигурен сум дека сите најдобри тенисери даваат 100 отсто, но мораат и повеќе ако сакаат да ги стигнат Алкараз и Синер“, изјави поранешниот 119. тенисер на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

