Некој нов Јунајтед: Погледнете ја перфектната акција на „црвените ѓаволи“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед сеуште не знае за пораз во ерата на Ерик тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ по убедливите триумфи над Ливерпил и Мелбурн со по четири постигнати гола, денеска славеа со 3-1 во средбата против Кристал Палас.

Не е само до резултатите, Манчестер Јунајтед на подготовките игра како ретко кога досега, а ако по утрото денот се познава тогаш навивачите на англискиот клуб имаат на што да се надеваат во новата сезона.

Тимската игра преовладува кај „црвените ѓаволи“, а доказ за тоа е денешниот гол на Маркус Рашфорд по несебничните додавања на Ентони Марсијал и Дони ван де Бек.

Се вчитува...