Ракометарите на Металург по се изгледа го надминаа лошиот период и проблемите кои ги имаа на стартот на новата сезона во Суперлигата.
Тие денеска помалку и изненадувачки стигнаа до лесен и убедлив триумф на гостувањето кај секогаш незгодниот Охрид со 24-29.
Гостите од Автокоманда уште од самиот старт почнаа фуриозно и веќе имаа неверојатна предност од 1-10. На крајот тие девет гола разлика се покажаа како клучни за конечен триумф од 24-29.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Златко Хорват со осум гола, додека кај поразените Филип Кривокапиќ заврши со шест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА