Некој нов Партизан – Падна и Олимпијакос во Белград, Париз и Ти-Џеј Шортс повторно одлични

Нова одлична партија на Партизан во Евролигата, по претходната победа над Црвена Звезда, сега триумф и против големиот фаворит Олимпијакос од 78-70 во 12. коло од сезонава.

Во нова драма, која вообичаено е резервирана за црно-белите, овој пат Партизан одигра сосема спротивен меч од оној на кој неговите навивачи беа навикнати сезонава.

Тимот на Жељко Обрадовиќ, за разлика од претходно, сега почна очајно дозволивајќи му на Олимпијакос да ја добие првата четвртина со 16-25, но потоа следеше континуирано враќање за да одигра Партизан одлична последна четвртина која ја доби со 28-13 за конечна победа од 78-70.

Најдобар кај Партизан беше Карлик Џоунс со 15 поени и осум асистенции, а Лундберг заврши со 13 поени. Дејвис постигна 12 поени, а Вања Маринковиќ реализираше 10 поени. Кај Олимпијакос се издвои Фурние со 14 поени.

Париз продолжува со одличните изданија во Евролигата, триумфирајќи против Виртус Болоња со 81-78. Американецот со македонски пасош Ти-Џеј Шортс повторно беше најдбар кај Париз со 19 поени и 9 асистенции.

Се вчитува...