Иако преодниот рок одамна е завршен во повеќето земји, неколку играчи останаа без клубови и слободни агенти. На листата има и фудбалери кои во минатото биле репрезентативци на Македонија.
„Најзвучно“ име меѓу нив е Ердон Даци. Даци кој стигна и до настап во селекцијата на Македонија, и во единствениот настап постигна еден гол, и натаму нема клуб. Последен ангажман му беше во Женис од Казахстан, каде настапуваше во јуни 2025 година.
Претходно беше во Белгија, во Деинзе, Вестерло, Беверен, а играше и во Коњаспор од Турција.
Кире Маркоски исто така е слободен агент. Играчот кој има пет настапи за националниот тим, е слободен од 1. јануари, откако последен клуб му беше Македонија ЃП, а играше и во Работнички, Вардар, Шкендија, Шкупи, беше дел и од АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава.
Играчот од средниот ред Дарко Мицевски, е исто така слободен агент. Овој фудбалер кој има два настапи за Македонија, од јуни е без клуб, а последен тим му беше Вардар, односно Силекс каде играше како позајмен.
Меѓу екс репрезентативците кој е без ангман е и Бесарт Абдурахими. Овој крилен фудбалер во 12 настапи постигна еден гол, а последен тим му беше Рудеш, каде играше до јануари оваа година.
Слободни фудбалери се и голманот Давид Денковски, потоа стоперот Александар Ристевски, па десниот бек Андреј Ричков, Агон Хани, Рушту Јонус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

