Голем скандал, општа тепачка, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Леопардс и Тајванбир Хироберс во Тајван во која биле вклучени 12 лица. Меѓу нив и поранешната НБА ѕвезда, Двајт Хауард.
На помалку од една минута до крајот на мечот капитенот на Хироберс, плејмејкерот Чианг Ју-ан доби лакт во лице од противничкиот играч Чен Хсијао, по што настана хаос на теренот.
Веднаш почнаа со меѓусебен судир па дури и судиите се вклучија да ги разделат, а потоа и голем број играчи од двете екипи.
На снимките се гледа дека е присутен и Двајт Хауард, но тој не беше дел од лицата кои ги разделуваа двете страни, но поради вклучување во инцидентот беше потоа исклучен како и останатите.
Прекинот траеше 20 минути, а на крајот беа исклучени 12 лица, пет од Леопардс и седум од Хироберс. Хауард протестираше сметајќи дека неправедно е исклучен. По заминувањето од теренот, сепак, се поздравуваше со навивачите и соиграчите. До моментот на исклучување имаше 28 поени, 14 скока и 7 асистенции. Неговите Леопардс, на крај, победија со 120-108.
Massive brawl in Taiwan 😳 Coach started throwing hands pic.twitter.com/qMK7QboFOy
— NBACentral (@TheNBACentral) February 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

