Нелоски: Словенија почна како што ние посакувавме, но…

Промашени отворени шутеви, бавна транзиција и несигурна одбрана беше рецептот  за високиот пораз од Словенија во третиот натпревар на ракометниот Мундијал. По 15. минути игра избраниците на Веселин Вујовиќ имаа пет голови предност која беше и повеќе од доволна за одржување до последниот свиреж на судиите.

Лошиот пристап кон играта на самиот старт е причината поради која Македонија го загуби денешниот натпревар, смета Марко Нелоски.

„Честитки на ракометарите на Словенија за одличната игра и заслужената победа. Тие почнаа онака како што ние посакувавме да почнеме. Поради таквиот старт ние го загубивме ритамот, почнавме да го бркаме резултатот, кој стануваше недостижен уште при првото полувреме. Тие играа многу посложно и многу поборбено, ние се обидувавме со најразлични варијанти во одбраната, имавме и избрзани шутеви во нападот, па поразот е сосема заслужен“ – изјави Марко Нелоски на прес-конференцијата по натпреварот.

  

Се вчитува...