Нема алкохол на стадионите на мундијалот во Катар

Тажна вест за навивачите кои планираат во живо да уживаат на натпреварите на Светското првенство кое во ноември месец годинава ќе се игра во Катар. Агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на свои извори ја објави веста дека на трибините на стадионите во Катар нема да биде дозволен алкохол, а продажбата на пиво надвор од стадионите ќе биде дозволена само пред и по натпреварите и тоа на одредени локации.

Одлучено е и дефинитивно дека алкохол нема да се продава за време на натпреварите на шампионатот, но навивачите во текот на мундијалот ќе може да купат алкохол во ограничено време и во одредени делови на ФИФА фан зоните.

Алкохол ќе може да се купи и во одредени хотели и клубови, но цената ќе биде „огромна“ околу 18 долари за едно пиво. Ројтерс потсетува дека во текот на Светското клупско првенство во 2019 година цената на едно пиво изнесуваше девет долари.

 

Се вчитува...