Пелистер одигра „само“ 0-0 против новиот прволигаш ФК Скопје под „Тумбе кафе“. Но, ако се знаат проблемите, што денеска фудбалерите и јасно ги евидентираа пред целата македонска јавност, дека одамна немаат земено плата, тогаш јасно е дека мотивите не се на највисоко ниво. Тие седнаа на тревата по самиот почеток од мечот, околу 30 секунди, а потоа почнаа да го играат натпреварот со Скопје.
„Пелистерци“ се први оваа сезона кои се решаваат на ваков чекор, јавно да покажат дека платите им доцнат неколку месеци, иако тоа се случува во 90% од македонските фудбалски прволигаши, дури и во најдобрите.
А само пред три и пол месеци газдите на Пелистер, Цветан Панделевски и Орце Камчев се фалеа на посебна прес – конференција дека од клубот ќе направат уште посилен колектив, дека ќе бидат вложени речиси еден милион евра…, иако и тогаш повикаа претходните сопственици да ги подмират долговите, за да нема потоа несакани проблеми. А, покрај тоа, Пелистер играше и во Лигата на Европа, со што дополнително заработи и од меѓународната сцена, па фудбалерите со право се прашуваат „каде се парите“… Нема „бончиња“ – нема бодчиња. Јасно е ова непишано правило во фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА