По денешниот собир, машката ракометна репрезентација веднаш го активираше и тренажниот процес во рамките на подготовките за бараж-двомечот со Романија за пласман на СП 2019 во Германија и Данска.
Попладнево во СЦ „Борис Трајковски“, селекторот Раул Гонзалес без многу чекање им наметна максимален ритам на повиканите репрезентативци.
На првиот тренинг единствено недостасуваа Филип Миркуловски и Филип Талески, кои вчера со нивните клубови ги одиграа последните натпревари во Бундес-лигата, па дополнително ќе се приклучат на подготовките.
Првиот натпревар со Романија е на 10. јуни во Скопје, а реваншот на 13. јуни во Клуж. Поуспешната селекција од овој дуел ќе обезбеди место на Светското првенство што ќе се одржи во јануари во Германија и во Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА