Сержо Консеисао би можел да си даде оставка од кормилото на Милан доколку неговиот тим ја совлада Болоња во финалето во Купот на Италија, пренесуваат италијанските медиуми.
Според португалскиот стратег тоа би било идеален начин да замине од кормилото на италијанскиот гигант со оглед на најавите за негова смена по крајот на сезоната.
Консеисао нема да чека отказ, туку самиот ќе си поднесе оставка со вториот освоен трофеј во сезоната.
Натпреварот од финалето е закажан за 14. мај од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА