ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев
Во последните неколку денови за Вардар се шпекулираат многу нови имиња. Меѓутоа од вардаровиот табор доаѓа демант дека во овој момент ќе има засилувања.
„Вардар нема да има нови играчи, и со истите фудбалери ќе се игра и двомечот со Лозана, кој е блиску со оглед на предноста на “црвено-црните” од 3-0.
За имињата кои се шпекулираат во јавноста, нема да има нови засилувања. Можно е на крајот од преодниот рок ако заминат некои од сегашните играчи. Стручниот штаб го има сегашниот тим на располагање за Европа.
Во јавноста со Вардар се поврзуваа имиња како Бобан Николов претходно, и Дарко Велковски сега. Но тимот нема да се менува во блиска иднина“, изјави извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

