Нема да има Светско клупско првенство годинава?

Фудбалската федерација на Јапонија се откажа од организација на Светското клупско првенство кое требаше да се одржи во декември годинава поради пандемијата од коронавирусот, пренесуваат јапонските медиуми.

„Ризикот да се зголеми бројот на заразени и потешкотиите да се извлече корист од евентуалното ограничување на бројот на гледачи влијаеше на оваа одлука“, пренесуваат јапонските медиуми. 

Се уште не се познати сите учесници на турнирот, а прв фаворит е освојувачот на европската Лига на шампиони Челси. Титулата во последното издание кое се одржа минатата година му припадна на Баерн Минхен.

Се вчитува...