Возачите во Формула 1 нема на вообичаениот начин да ги прославуваат победите, откако до ФИА поради пандемијата од коронавирусот одлучија да ја укинат церемонијата на прогласување на победникот, како дел од новите протоколи.
„Праксата која ја имавме во минатото едноставно сега не може да се спроведе. Церемонијата на прогласување на победникот на подиум нема да се одржува, но во план сме да направиме нешто на таа тема по трките. Една од можностите е болидите да ги задржиме на патеката според пласманот и возачите да застанат до нив. Не можеме да им доделуваме трофеи бидејќи мора да ја задржиме социјалната дистанца“, изјави извршниот директор на Формула 1, Рос Браун.
Новата сезона во Формула 1 ќе почне на 5. јули со трката за Големата награда на Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА