Килијан Мбапе нема да биде дел од олимпискиот репрезентативен тим кој ќе настапи на Летните олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во главниот град на Франција.
Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата изрази голема желба за настап на Игрите во Париз, но не се најде на списокот на повикани фудбалери на селекторот Тијери Анри.
Мбапе во моментот е без клуб откако заврши неговиот договор со ПСЖ. 25-годишникот се очекува наскоро да потпише за Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА