ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев
Македонската селекција одигра нерешено 1-1 на гостувањето против Фарски Острови. Во две различни полувремиња, во игра со многу осцилации, на крајот само еден бод.
Селекторот Благоја Милевски рече дека не е задоволен од резултатот, а најмногу го загрижува емоцијата на одредени фудбалери.
За првото место во групата, предодникот на националните со став:
„Никогаш не се освојуваат бодови пред меч. Останува да жалиме за двата бода, но сметам дека најголемиот наш конкурент за првото место аа оваа група ни е Ерменија, така што директните дуели со Ерменија ќе одлучат кој ќе биде прв во нашата група. Притоа, тука сакам да додадам дека нема да ги потцениме ниту Фарски Острови и Летонија“, рече Милевски.
Македонија во вторник во 20:45 часот игра против Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА