Патрис Евра настапуваше заедно со Кристијано Роналдо во периодот од 2006 до 2009 во дресот на Манчестер Јунајтед, а францускиот ас остана близок со Португалецот и по неговото заминување во Реал Мадрид.
Евра во изминатиот период во неколку наврати јавно го бранеше Роналдо по нападите кон португалската суперѕвезда, но сега изненади со ставот дека лесно може да се случи Кристијано да објави крај на кариерата.
Португалецот е без клуб по раскинот со Манчестер Јунајтед, а на маса има само една конкретна понуда, од Ал Наср од Саудиска Арабија. Јасна е неговата желба да продолжи да игра и да атакува на трофеи во Европа, поради што според Евра лесно може да се случи тој да реши повеќе да не игра фудбал.
„Се уште сум во контакт со Роналдо, но кога разговараме не го прашувам за тоа што планира со кариерата, туку за животот и за семејството. Сепак, од сегашна перспектива не би се изненадил ако реши да се повлече. Веќе е создадена некоја погрешна слика за него, што и да направи, тој е или лоша личност или лош фудбалер. Може да му дојде преку глава да се докажува пред луѓе кои не го заслужуваат тоа и да каже крај на се. Не можам да зборувам што ќе биде неговата одлука, само велам дека не би бил изненаден ако тоа се случи“, изјави Евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

