Нема да верувате колку чинат билетите за промоцијата на Роналдо во Саудиска Арабија

Челниците на Ал Наср и највисокото раководство на Саудиска Арабија како држава потрошија вистинско богатство за да го убедат Кристијано Роналдо пред крајот на својата кариера да дојде во оваа земја и да покаже дел од својот блескав фудбалски потенцијал.

Европјаните ќе се обидеа на секој можен начин да заработат од Роналдо во една ваква ситуација, во обид што поскоро да си ја вратат инвестицијата, на пребогатите арапски газди размислуваат сосема поинаку. Така, на закажаната промоција на Кристијано ќе бидат присутни 30.000 фанови, а билетите ќе чинат само четири долари. Приоритет во купувањето ќе имаат сопствениците на сезонски билети на Ал Наср, а управата на клубот со овој гест сака да им се заблагодари на сите приврзаници за поддршката што ја добивале од нив и пред доаѓањето на светската суперѕвезда.

Кристијано Роналдо вечерва со своето семејство ќе пристигне во Саудиска Арабија, а неговата официјална промоција е закажана за утре со почеток во 15 часот по македонско време.

Се вчитува...