Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, смета дека фудбалерот на Барселона, Лионел Меси е најдобар на сите времиња. Дебатата се уште трае кој е подобар, но првиот човек на шпанскиот фудбалски шампионат нема дилема околу тоа.
„Тој е најдобар фудбалер во историјата и среќни сме што го имаме во Ла Лига. Не можам да ја замислам лигата без Меси. Тука ја почна кариерата, се надевам дека тука и ќе ја заврши“, изјави Тебас.
Шесткратниот освојувач на наградата за најдобар фудбалер во Барселона е од 2004 година, а со каталонците досега освои 34 трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА