Блејк Грифин сепак ќе остане во Лос Анџелес Клиперс, новиот договор вреди 175 милиони долари за следните пет години. Неговата иднина беше неизвесна, Грифин размислуваше за менување на средината, но по долгите преговори одлучи да остане во градот на „ангелите“.
„На крајот сепак сфатив дека ова е најдобриот клуб за мене, најдобриот град. Не би ги менувал за ништо. Тука ја започнав кариерата, тука планирам и да ја завршам. Сакам да заминам од кошарката запаметен како легенда на Клиперс. Не сакам да навлегувам во детали или да предвидувам како ќе напредуваме во лигата, но од мене очекувајте само едно, 100% посветеност на теренот“, истакна Грифин.
Првиот пик од драфтот во 2009 година, на Ол-стар натпреварите се појави пет пати, а во улога на носител на тимот, минатата сезона имаше просек од 21.6 поени, 8.1 скока и 4 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА