Нема долго да чека: Обрадовиќ се враќа во Грција со сензационален ангажман!?

Грчкиот кошаркарски клуб Паок неодамна доби нов сопственик во името на Аристотелис Мистакидис кој има амбиција да ја врати славата на солонускиот клуб вложувајќи милиони во нова арена, ѕвездени засилувања, но се чини и легендарно име на клупата.

Тоа е Жељко Обрадовиќ кој неодамна остана без ангажман во Партизан од каде си поднесе оставка поради лошите резултати во текот на сезоната, но и незадоволството во соблекувалната.

Партизан го надмина Обрадовиќ, а според грчките медиуми тој и веќе разговарал со раководстото на Паок.

Доколку го прифати ангажманот тоа би значело и камбек во Грција каде во минатото со голем успех го предводеше Панатинаикос.

Се вчитува...