Нема фудбал во Шкотска до 10. јуни

Пандемијата на коронавирусот на Островот го суспендира фудбалското првенство на Шкотска од 13.март, а одложувањето е продолжено до 10.јуни. Првичната одлука на Фудбалската асоцијација беше фудбалот да биде суспендиран до 30.април, но согласно ситуацијата со вирусот Covid-19 одлучено е да биде продолжена најмалку до јуни.

„Едногласно е донесена одлука дека суспензијата ќе биде продолжена на сите нивоа, од професионален до рекреативен, најмалку до 10.јуни. Пораката е многу јасна. Мерките на владата се воведени за да се спасат човечки животи и мораат да се почитуваат во наредните неколку недели, така што екипоте не можат да тренираат, а за играње фудбал не станува ни збор“, соопштија од ФА на Шкотска.

 

Се вчитува...