Во пресрет првиот натпревар за репрезетацијата на Босна и Херцеговина на Евробаскетот, лидер на поранешната југословенска држава, Јусуф Нуркиќ се осврна и кон фаворитите за освојување на континенталниот собир.
Фаворит број еден јасно е Србија која покажа моќ против Естонија, но како што вели Нуркиќ нема гаранција дека Србите на крајот на шампионатот ќе се радуваат на долгопосакуваната титула.
„Нема гаранција дека Србија ќе освои. Мислам, имаат сјаен тим. Можеби ќе победат, но Турција ја совлада Летонија со 20 разлика. Играа на вистински начин“, изјави Нуркиќ.
Амбициите пак на ослабената Босна и Херцеговина која ќе настапи без најголемата ѕвезда Џанан Муса е да се помине првата фаза од шампионатот во исклучително тешката група во која се и Шпанија, Италија, Грција, Грузија и Кипар.
„За нас секој меч е финале. Секој натпревар е најважен. Кипар ни е најважен“, додаде центарот на босанската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

