Нема грешка – на „пандевци“ Европа им се смешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Веќе во втората сезона од своето прволигашко функционирање во историјата, Академија Пандев е на добар пат да стигне и до првото европско искуство.

По победата на „Филип Втори“ во Скопје против директниот конкурент за европски излез, екипата на Работнички, „пандевци“ веќе отворено ја докажуваат определбата за место на европската сцена следната сезона.

Објективно, тешка ќе биде битката со Шкендија за освојување на шампионската круна, иако се е можно до крајот на сезоната, но факт е дека втората позиција е и тоа како сурова реалност за составот на Југослав Тренчовски кој денеска благодарение на погодоците на Љупче Дориев од пенал и џокерот Даниел Миловановиќ стигна до трите бода…

 

 

Се вчитува...