Нема групи во ЛШ за Црвена Звезда: Елиминација од Пафос во последната минута (ВИДЕО)

Црвена Звезда имаше предност од 0-1 на гостувањето на Кипар кај Пафос. И кога сите очекуваа дека продолженијата и евентуални пенали ќе го решаваат учесникот во групната фаза во ЛШ, сепак, во 89. минута целосен шок откако Жажа успеа да погоди во мрежата на Матеус, и така да го елиминира српскиот првак.

Мирко Ивановиќ со помош на одбраната во 60. минута стигна до предност во Лимасол. Се играше отворено до крајот на мечот, а Жажа по една нафрлена топка усепа да стрела во голот на српскиот тим, и така да обезбеди историски пласман во групната фаза во Лигата на шампионите.

Норвешкиот првак Бодо/Глимт немаше поголеми проблеми да дојде до пласманот во групите, со оглед дека со убедлива предност од 5-0 допатува на реваншот во Австрија, во Клагенфурт. Штурм на крајот успеа да слави победа од 2-1 и тоа со пресврт, но далеку од можност да се пласира во групите.

Претходно учество во групите обезбеди и Каират Алмати од Казахстан, кој го елиминираше Селтик на пенали со 3-2.

Се вчитува...