„Нема идеално решение“ – ИОК им одговори на незадоволните спортисти

Интернационалниот олимписки комитет одговори на жестоките критки кои ги доби од спортистите по вчерашната одлика Летните олимписки игри во Токио закажани за претстојново лето да не бидат ниту откажани ниту поместени. Голем дел од спортистите реагираа дека „ИОК им ги ризикува животите“.

„Ниту едно решение не би било идеално во оваа ситуација. ИОК е посветен кон наоѓање решение кое ќе има најмал негативен импакт за спортистите, а воедно и ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето и здравјето на учесниците. Сметаме на одговорноста и на солидарноста на сите спортисти“ – стои во одговрот од ИОК.

Интернационалниот олимписки комитет вчера по конфернециската врска на преседателот, Томас Бах и Организацискиот комитет со лидерите на најголемите светски спортски организации, донесе одлука ЛОИ Токио да не бидат одложени и да почнат како што е предвидено на 24 јули.

 

 

Се вчитува...