Енис Барди и Трабзонспор не успеаја да се изборат за групна фаза во Конференциската лига на УЕФА.
Трабзонспор е елиминиран во плеј-оф рундата од Сент Гален по изведувањето на пеналите, откако во регуларниот дел и по продолженијата дуелот заврши без победник, 1-1, идентично како и на првиот натпревар во Швајцарија.
Барди го одигра првото полувреме на натпреварот.
А, за групна фаза во Конференциската лига не се изборија и македонскиот тренер Зекирија Рамадан и повремениот репрезентативец Егзон Бејтулаи со косовска Дрита која и на реваншот загуби од Легија Варшава со 0-1.
Дарко Чурлинов и полска Јагелонија се елиминирани од Ајакс во плеј-оф рундата од Лигата на Европа, но ќе играат во групната фаза од Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА