Нема крај на главоболките за Реал Мадрид: Белингем повторно повреден

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Џуд Белингем стана неизвесен за утрешниот натпревар против Гранада. Тој има болки во зглобот по последниот меч против Наполи во Лигата на шампионите.

Англичанецот беше на денешниот тренинг на „кралевите“, меѓутоа не тренираше со тимот, туку само трчаше индивидуално, а потоа предвреме го заврши тренингот и се упати кон салата за кревање товар.

Претходно Белингем имаше повреда на рамото, поради која го пропушти и натпреварот на Англија против Македонија во Скопје кој заврши 1:1. Белингем беше стрелец на еден од четирите гола на Реал во победата над Наполи во ЛШ, со која тимот од Мадрид го обезбеди првото место на табелата.

Се вчитува...